Во два одвоени случаја, со два чамци, на грчкиот остров Лезбос, вчера пристигнале 90 бегалци и мигранти. По направениот тест за Ковд-19, како што е веќе пракса, бегалците и мигрантите се сместени во еден од камповите за карантин.
Според грчката новинска агенција АНА-МПА, во едниот објект за карантин има 91 бегалец и мигрант, а во другиот 201.
Само за време на викендот, на Лезбос пристигнаа 148 лица во четири одвоени случаи, додека, пак, од почетокот на месецов, проценките се дека од турското крајбрежје на островот стинале околу 200 бегалци и мигранти.
Паралелно, како што вчера објави МИА, ограничувањето на движење во бегалските кампови и центрите за прием и регистрација на бегалци и мигранти во цела Грција е продолжено до 2 август.