Пејачката Дуа Липа на „Инстаграм“ објави слика со знаме од Голема Албанија

Британската пејачка со потекло од Косово, Дуа Липа, на својот инстаграм-профил објави фотографија на која е прикажано знамето од Голема Албанија, кое албанските навивачи со дрон го развееаја над стадионот на „Партизан“ во Белград за време на фудбалскиот натпревар меѓу Србија и Албанија во 2016 година.

На знамето беше прикаажана територијата на т.н. Голема Албанија, со Косово, делови од Србија, Црна Гора, Грција и од Македонија.

„Ав – тох – тон придавка (за жител на место) домороден наместо да потекнува од мигранти или колонисти“, напиша 24-годишната пејачка, објаснувајќи ја паролата која е испишана на знамето.

На знамето се и ликовите на Иса Болетини и Исмаил Џемаили, кои се сметаат за херои во албанската историја.

Родителите на Дуа Липа во 1992 година се преселиле од Приштина во Лондон, каде што таа се родила три години подоцна. Пејачката со светска популарност е позната по тоа што на социјалните мрежи ја промовира независноста на Косово и идејата за албанско обединување.

Инаку, фудбалскиот натпревар во Белград заврши со службена победа на репрезентацијата на Албанија од 3-0, откако поради тензиите беше невозможно мечот да продолжи.

 

 

Треба да знаете
Последни објави