Полицаец скокнал од 13. кат на зградата за да фати педофил

Полицаец од Казахстан е наречен херој затоа што скокнал од прозорецот на 13. кат од зграда за да фати педофил осомничен за силување 15-годишно девојче.

Бакитзан Бакиров (36) и неговиот партнер Меџир Несипбеј биле повикани во стан во Алмсти, каде што провалил еден маж и злоупотребил тинејџерка.

Кога пристигнале, осомничениот избегал и скокнал низ прозорецот, а веднаш потоа и Бакиров по него.

По акцијата, тој рече дека дури подоцна сфатил оти осомничениот можеби се обидел да изврши самоубиство за да не биде уапсен.

За среќа на полицискиот службеник, два ката подолу, каде што паднал осомничениот, има балкон. Бакиров си ја скршил ногата, но успеал да го фати осомничениот.

На полицаецот му е доделен медал за храброст. Тој вели дека неговата единствена мисла била да го фати човекот. Бакиров е татко на две ќерки и шест сина.

Треба да знаете
Последни објави