Тренерот на англискиот фудбалски премиерлигаш Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер ги искажа своите видувања по поразот од Челзи (1:3) во полуфиналниот натпревар од ФА Купот.
– Голот пред полувремето беше удар за нас. Челзи имаше 48 часа за одмор повеќе од нас пред натпреварот. Ова не е изговор, туку факт. Не можам да користам изговори. Сепак, подобро да се игра во полуфиналето отколку воопшто да не биде таму, рече Солскјер.
Норвежанецот побара од своите фудбалери да се фокусираат на следните предизвици.
– Нема време за жалење. Оваа недела имаме два натпревари пред нас, а потоа и настап во Лигата на Европа. Ќе се снајдеме и ќе се подготвиме за следните средби, додаде Солскјер.
Манчестер јунајтед на две кола пред крајот на Премиер лигата е петти со шанса да го помине Лестер кој има натпревар повеќе.