Турскиот министерот за енергетика и природни ресурси Фатих Донмез, информира дека бродот „Фатих” почнал со својата прва сондажа во Црното Море на локацијата Туна-1, јави агенцијата Анадолија.
– Ќе го пребараме секој квадратен метар од нашите мориња за енергетска независност на Турција, напиша Донмез на Твитер.
Тој додаде дека ако во Црното Море има нафта и гас, Турција „сигурно ќе ги најде”.
Бродот за сондажа „Фатих” на 29 мај од Истанбул тргна кон пристаништето во Трабзон.