Тројца пациенти, корисници на услугите на домот за стари лица ,,Астреон” од Радовиш, со покачена телесна температура и со бронхопневмонија се префрлени на Инфективните одделенија во Штип и во Скопје. Од нив, двајца се позитивни на коронавирусот, потврди за ,,Слободен печат” директорот на оваа приватна установа, Илија Захариев.
Покрај нив, во радовишкиот оддел на ,,Астреон” заразени со коронавирусот се и една медицинска сестра која работела со пациентите, како и хигиеничарката. Како што тврди директорот, нултиот пациент што го донел коронавирусот во ,,Астреон” била хигиеничарката, која пак се заразила од сопругот, надвор од установата.