Пејачот Џон Леџенд е снимен како се тушира, а видеото стана хит на интернет. Снимателката, сепак, е неговата сопруга, американската супермоделка Криси Тејген.
Манекенката која не може да престане да се смее додека снима, го објави видеото на својот Инстаграм-профил. За еден ден тоа собра осум милиони прегледи и над 1,3 милиони допаѓања.