Во Германија, бројот на потврдени случаи на инфекција со коронавирус се зголеми за 249, на вкупно 201.823, според податоците објавени од Институтот „Роберт Кох“. Покрај зголемувањето на случаите на инфекција, податоците од Институтот „Роберт Кох“ покажуваат зголемување на бројот на смртни случаи во Германија, за два, на вкупно 9086.
Во меѓувреме, фармацевтите од германскиот универзитет Хале-Витенберг развија начин за откривање мали количини на коронавирус во растворот за миење на устата, користејќи техника што може да се користи за тестирање.
Студијата користела примероци од растворот со кој пациентите заразени со новиот коронавирус ја плакнеле устата, успешно откривајќи го вирусот користејќи масена спектрометрија, соопшти универзитетот оваа недела.
Новиот метод мора понатаму да се развива пред да може да се користи како стандардна дијагностичка алатка за да се дополнат постојните тестови на коронавирус, се вели во соопштението.
Овој тест е многу специфичен, бидејќи се однесува напротеински компоненти кои постојат само во новиот коронавирус, познат и како Сарс-Ков-2.
„Ние ги мериме пептидите што доаѓаат од вируси, а не од генетски материјал“, објасни Андреа Синц, која работеше на студијата.
Во моментов се потребни 15 минути за да се добијат резултатите од тој тест, и тие се значајни дури и со мали количини на раствор за плакнење. Тим на фармацевти работи на скратување на времето за тестирање.
Ако тестот се покаже како успешен, мерењата би можеле да ги спроведуваат не-специјализирани лица, велат научниците.
Иако новиот метод нема да биде достапен веднаш, Синц вели дека се надева дека тестот би можел да биде во функција за неколку месеци.