Наќе Чулев, сегашниот министер за внатрешни работи во техничката влада, уште оваа недела е на функција. Министерството до изборот на новата влада ќе го води Агим Нихуи, кој беше заменик на Оливер Спасовски. Тој го водеше МВР и после парламентарните избори во 2016 година.
Од местото дополнителен заменик заминува и Славјанка Петровска
Си заминуваат и заменските кадри од ВМРО-ДПМНЕ од министерствата за земјоделство, за информатичко општество и администрација и за финансии. Министрите Димковски и Манчевски ќе продолжат да ги водат министерствата. Манчевски ќе биде во исто време и пратеник, додека не се избере новата Влада.
Оливер Спасовски ќе остане технички премиер, кој воедно ќе биде и пратеник, со право на глас кога ќе се гласа за формирање Парламент и за нова Влада.