Прекршувањата направени од претседателот Илир Мета, во форма на дејствија или пропусти, не се доволни за да се предложи разрешување на претседателот на пленарна седница на Парламентот.
Ова е заклучокот постигнат во финалниот извештај, изгласан денеска од страна на парламентарната анкетна комисија, формирана да ја испита законитоста на дејствијата што ги направил претседателот на државата во остварувањето на неговите овластувања, поврзани со спроведување на локаланите избори, како и да се контролира законитоста на неговите постапки при именувањето на уставните судии.
Претседателот на комисијата, Улси Мања, најави дека извештајот и заклучоците ќе биде доставени до Собранието во рок од една недела.
-Врз основа на член 20 за активноста на анкетната комисија, на Собранието му се препорачува дека нема основа да се бара разрешување на претседателот. Предлагаме преглед на уставните одредби и одредба на органски закон регулиран за претседателот, што, исто така, предвидува механизми за деблокирање. Анкетната комисија сугерира јасни одредби за да не се блокира изборен процес во иднина, рече Мања.
Анкетната комисија сугерира измена на законот со кој се објаснува и проценува важноста на прекршувањата за неорганизирање официјални заклетви за членови на Уставниот суд.
И покрај претходната најава дека ќе подготват свој извештај и обвинија дека сменетиот став на социјалистите е „игра меѓу владејачкото мнозинство и претседателот” членовите на комисијата од парламентарната опозиција го подржаа извештајот.
Парламентарното мнозинство, во што беше подржано и од дел на опозициските пратеници, по барање на СП формира анкетна комисија за смена на Мета откако тој ја поништи уредбата со која прво локалните избори ги закажа за 30 јуни, па ги презакажа за 13 октомври. Локалните избори, сепак, се одржаа на 30 јуни на кои учествуваше само коалицијата предводена од СП, а опозицијата ги бојкотираше, па од 61 нов градоначланик дури 60 се од СП.
Социјалистите обвинија и дека Мета ги прекршил уставните надлежности при давањето заклетва на уставните судии.
Претходно и Венецијанаскта комисија достави мислење дека Мета не направил големи прекршувања за да биде разрешен.
Мета, пак, и пред анкетната комисија и пред делегацијата на Венецијанската комисија, која престојуваше во Тирана, рече дека тој тоа го направил за да спречи „големи крвави нереди,што се подготвувале, а за што добил информации од тајните служби”.
Тој, исто така, им порача на оние кои сакаат да го разрешат дека како претседател ќе остане во одбрана на албанскиот Устав, се додека не заврши неговиот петгодишен мандат.
-Институцијата претседател до 24 јули 2022 година ќе биде цврст столб на одбрана на Уставот, демократијата, плурализмот, националниот и јавен интерес, со единствена цел, а тоа е брзо зачленување на Албанија во Европската Унија, порача Мета.
Претседателот на Албанија го избира парламентот со двотертинско мнозинство од вкупно 140 пратеници.