Ахмети ќе бара Заев да му се извини и да побара прошка од Албанците во врска со разговорите кои излегоа во јавноста. Ова е ставот кој првиот човек на интегративците го изнесе во интервју за „Евроњус Албанија“, но вели извинувањето пред сè требало да биде на Албанските гласачи, а потоа и на партијата.
– Секако, не се почуствував добро со тие навреди… но мислам дека Заев ќе најде сила да побара прошка од Албанците. Тој направи еден чекор, но не вистинскиот, тој таа навреда ја оправда со тоа што кажа дека наводно мислел на ДУИ, но таа навреда не се однесуваше кон ДУИ, туку директно кон Албанците и мислам дека Заев треба да им се извини на Албанците- вели Ахмети.