Италијанската полиција пронајде 130 грама кокаин скриена во повеќе од 500 зрна кафе, во пакет испратен од Колумбија. Полицијата на аеродромот Малпенса во Милано соопшти дека го открила кокаинот кога на тој аеродром пристигнал сомнителен пакет адресиран до Сантинo Д’Антониo, што е името на мафијашкиот бос од вториот дел од филмот „Џон Вик“, јави Би-би-си.
Полицијата дозволила пратката да стигне до својата крајна дестинација – Фиренца, а потоа бил уапсен 50-годишен маж, кој дошол да го собере пакетот.