И покрај тоа што ги загуби остана без трофеии во англиската фудбалска Премиер лига и ФА Купот, тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола верува дека може да стигне до трофеј во тековната сезона.
На „граѓаните” шансата за трофеј им останува само во Лигата на шампионите.
– Не размислувам за следната сезона. Имавме можност да освоиме две титули оваа сезона, едната ни отиде. Но, Манчестер сити сепак е во борба за еден трофеј. Кога ќе ја завршиме сезоната, тогаш ќе ги сумираме впечатоците, изјави Гвардиола.
Сити го очекува реванш со Реал во осминафиналето од ЛШ. На првиот дуел англискиот тим победи со 2:1. Реванш е закажан за 7 август.