Двајца холандски војници загинаа во хеликоптерска несреќа над Карипското Море

Холандски воен хеликоптер се урна во Карипското Море во близина на островот Аруба, една од конститутивните држави на Кралството Холандија, при што загинаа двајца членови на екипажот, пренесува „Спутник“.

Според радиодифузерот НОС, хеликоптерот „НХ90“ се урнал во неделата попладне на десетина километри од брегот меѓу островите Аруба и Курасао, кој исто така е самоуправен државен ентитет и дел од Холандија.

Инцидентот резултирал со смрт на 34-годишната пилотка Кристин Мартин и 33-годишниот тактички координатор Ервин Ворнис.

Уште двајца членови на екипажот добиле полесни повреди. Холандската армија почна истрага за причините за несреќата.

Треба да знаете
Последни објави