Десет починати и нови 96 случаи со Ковид-19

Во последните 24 часа се направени 724 тестирања, а регистрирани се 96 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје-24, Куманово-6, Штип-24, Прилеп-1, Тетово-7, Струга-9, Битола-1, Охрид-6, Гостивар-4, Струмица-3, Крива Паланка-1, Радовиш-5, Кочани-2, Свети Николе-3. Починати се 10 лица, четири пациенти од Скопје, два од Куманово и по еден пациент од Штип, Тетово, Гостивар и Кичево, соопшти Министерството за здравство.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент на возраст од 76 години. Во ГОБ „8 Септември” починати се четири лица на возраст од 85, 71 и 53 години, а кај 48 годишен пациент вирусот е потврден постмортем. На Клиника за пулмологија е починат пациент на 79 години, на гастроентерохепатологија пациент на  возраст од 79 години. Во болницата во Битола почина пациент од Кичево на 82 години, во Клиничката болница во Тетово пациент на 60 години. Во Клиниката „Жан Митрев” починат е пациент на 62 години.

Институтот за јавно здравје регистрира 61 оздравен пациент од: Скопје-27, Куманово-16, Прилеп-4, Тетово-4, Кавадарци-1, Гевгелија-1, Крива Паланка-3, Кратово-1, Кичево-1, Ресен-3.

Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 9.249,  бројката на оздравени пациенти е 4.871, на починати е 432, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3946. Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
•       Скопје 4.297, активни 1.880
•       Куманово 912, активни 226
•       Дебар 173, активни 111
•       Штип 606, активни 300
•       Прилеп 312, активни 59
•       Тетово 951, активни 299
•       Струга 370, активни 188
•       Велес 206, активни 30
•       Битола 89, активни 44
•       Охрид 244, активни 129
•       Кавадарци 29, активни 17
•       Гостивар 298, активни 196
•       Гевгелија 19, активни 8 (*6 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 2 на Богданци)
•       Струмица 31, активни 22
•       Крива Паланка 23, активни 9
•       Радовиш 23, активни 19
•       Крушево 13, активни 8
•       Кочани 90, активни 22
•       Пробиштип 43, активни 27
•       Демир Хисар 15, активни 13
•       Македонски Брод 9, активни 5
•       Пехчево 6, активни 0
•       Берово 4, активни 1
•       Валандово 6, активни 0
•       Виница 5, активни 2
•       Делчево 1, активни 0
•       Кратово 12, активни 7
•       Свети Николе 200, активни 185
•       Кичево 100, активни 81
•       Ресен 140, активни 56
•       Неготино 22, активни 2 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 724 теста се преку: ИЈЗ – 444, МАНУ -1, Клиника „Жан Митрев”-125, Систина со PCR метода -94, ЦЈЗ Битола-16, ГАК-43, лаборатории од странство-1. Досега во земјата се направени вкупно 86.543 тестирања на Ковид -19.  Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се пет пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 91 пациент. На кислородна поддршка се 43 пациенти, нема пациенти на респираторна машина.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 16 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19, шест позитивни деца, две деца и една мајка суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември” примени се пет пациенти, вкупно хоспитализирани се 92 пациент. На респираторна машина се тројца пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 36, а во болницата во Штип се хоспитализирани 51 пациент. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 133 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
•       Чаир – 291
•       Аеродром – 189
•       Бутел – 140
•       Гази Баба – 207
•       Центар – 162
•       Карпош – 168
•       Сарај – 115
•       Кисела Вода – 148
•       Ѓорче Петров – 120
•       Студеничани – 107
•       Шуто Оризари – 104
•       Арачиново – 34
•       Илинден – 22
•       Петровец – 21
•       Чучер Сандево – 14
•       Сопиште – 20
•       Зелениково- 11
•       Странец – 7
•       Нераспределен – 0.

Треба да знаете
Последни објави