Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ очигледно се изгубени и во просторот и во времето.
Граѓаните на 15 јули, на фер и демократски избори, јасно и недвосмислено ги казнија неговите политики кои се заглавени во матрицата на Груевски, во матрицата на режимот.
Мицкоски губи трети избори по ред и се уште одбива да се помири дека граѓаните сакаат да одат напред, а не да се враќаат назад.
Тој е поразен политичар кој ги потценува граѓаните, ги потценува гласачите, па дури ги потценува и лаже и сопствените членови и поддржувачи.
И Мицкоски и Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ мислат дека со лажни приказни, со креирање лажна реалност можат да ги излажат граѓаните.
Мицкоски единствено за што може да преговара е за столчето во белата палата, зошто и тоа му е климаво.
Граѓаните не паѓаат на манипулациите и на лагите на Мицкоски и на ВМРО-ДПНМНЕ.
Веќе на нив никој не им верува, не им веруваат ниту членовите на ВМРО-ДПМНЕ.
Од шпицен кандидат Мицкоски стана шпицен аутсајдер и затоа најдобро е да оди надвор од политиката, бидејќи граѓаните јасно му го покажаа патот.
Државата, граѓаните со СДСМ продолжуваат напред по исправниот, вистинскиот пат. Уште подобро и уште повеќе.