Во пресрет на вонредната седница на бугарскиот парламентот денеска, на која се расправа за недоверба на Владата, повеќе од 3.000 демонстранти, главно малди луѓе, го блокираа движењето пред Националното собрание. Демонстрантите очекуваат оставка од премиерот Бојко Борисов и од главниот обвинител Иван Гешев. Во Софија дванаесетти ден се оддржуваат антивладините протести.
Протестот е мирен и нема тензии. Голем број полициски службеници о обезбедуваат парламентот. Демонстранти наоѓаат доста интересни начини да ги искажат своите барања. Многу од нив носат книги и читаат на жолтите камени плочки. Други играат разни игри среде булеварот, слушаат музика и танцуваат. Расположението е револуционерно и толпата на незадоволни граѓани постојано се зголемува.
-Комплетна промена, затвор и судење за сите оние кои се на власт во моментот, кои ја доведоа земјата на оваа позиција – да нема владеење на правото и олигарсите да ги генерираат сите пари од ЕУ. Гешев да да замине заедно со Бојко. Ќе ги избришеме, нема да има прошка, говорат младите пред микрофоните на телевизиите.
Ова ќе биде петти по ред обид на опозицијата да го собори кабинетот на премиерот Бојко Борисов во парламентот.