Коалицијата „Никогаш северна, само Македонија“ поднесе кривични пријави против членовите на ДИК поради постоење на основано сомневање за повреда и злоупотреба на избирачкото право; повреда на слободата на определувањето на избирачите и извршена измама.
Според пријавата, пријавениот Оливер Дерковски како претседател на Државната изборна комисија (ДИК) како и останатите членови на комисијата (Дитмире Шеху – потпретседател на ДИК; Јанакие Витановски – член на ДИК, Елизабета Постоловска – член на ДИК; Енвер Саљихи – член на ДИК; Радица Ристеска – член на ДИК и Борис Кондарко – член на ДИК) со измама и несовесно постапување во службата свесно онезвозможиле избирачите јасно и недвосмислено да ја изразат својата воља на изборите 2020, доведувајќи ги во заблуда со промената односно со изоставањето на вистинското име на поднесената листа на кандидати за пратеници на Коалицијата ,,Никогаш северна, само Македонија”. Поточно и покрај уредно поднесените и прифатени листи на кандидати на Коалицијата ,,Никогаш северна, само Македонија” под истото име, наместо реалниот и вистински назив на поднесената и прифатена листата од страна на ДИК, на избирачкото ливче стои друго име односно името на подносителот на листата кој е само еден сегемент од Коалицијата.
– И покрај уредното доставување и примените листи од страна на ДИК на кандидати за пратеници во сите шесте изборни единици за вонредните парламентарни избори во 2020 од страна на подносителот политичката партија Единствена Македонија под назив Коалиција ,,Никогаш северна само Македонија”, на гласачкото ливче наместо официјалното поднесено и прифатено име на Коалицијата стои име на политичката партија Единствена Македонија. На овој начин избирачите свесно се доведени во заблуда да не гласаат за оваа Коалиција која ја сочинуваат неколку субјекти (политичка партија Единствена Македонија и здруженијата на граѓани ФРОДЕМ, Тврдокорни и Ветерни на ВМРО 1990 год) со што е извршена повреда и злоупотреба на избирачкото право на избирачите; повреда на слободата на определувањето на избирачите како и измама на избирачите сé со цел да не гласат за реален учесник на изборите. Со овие дејствија претседателот и членовите на Државната изборна комисија сториле стек кривични дела според член 178 од Изборниот законик, а кои се казниви одредбите од Кривичниот законик поточно 160 став 2; член 164 став 2 и според член 165 од Кривичниот закони, велат од коалицијата.