Италијанската полиција разби секта предводена од 77-годишен „проповедник” во северниот дел на земјата. Според информативниот канал Раињуз 24 (Rainews24), денеска „гуруто” е обвинет за сексуални злосторства, вклучително и врз малолетни лица.
Сектата, со седиште во Новара, дејствувала и во Милано, Џенова и Павија. Нејзините членови биле главно жени кои биле „во ропство” и подложени на психолошки притисок.
Истрагата траеше две години, посочува каналот.