На 19.07.2020 околу 21.25 часот на магистралниот пат Штип-Кочани, во близина на крстосница за с.Кучичино, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген поло“, со радовишки регистарски ознаки, управувано од С.З.(71) од Радовиш и патничко возило „форд фокус“, со штипски регистарски ознаки, управувано од Н.Р.(29) од Штип.
С.З. починал на местото на незгодата, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, додека Н.Р. се здобил со повреди и бил пренесен во Здравствена установа Кочани. Увид на местото на незгодата извршила екипа од Полициска станица Кочани.