Скопска конфекција нов кластер на ковид 19?

Скопска конфекција станува нов потенцијален кластер на ковид 19- дознава 24 инфо. Првиот случај бил регистриран во петокот, а потврден за време на викендот. Вработените во моментов се ослободени од работа со препорака да се јавуваат на раководството доколку кај некој се појават симптоми на ковид. Извори за 24 инфо велат дека во компанијата се вработени стотина лица од кои 80 отсто се жени. Ова е прв потенцијален кластер на ковид 19 во Скопје. До сега конфекциите се потврдија како лесен начин на пренос на вирусот. Тој се појави во десетина конфекции во Штип и во една во Свети Николе.

Штип останува град со највисока стапка на заразени со коронавирус на 100.000 жители во државата. за само пет дена бројката на нови случаи порасна за над 130. речиси сите се текстилни работници и нивни контакти. Од Центарот за јавно здравје велат дека растот се должи на тоа што не се почитуваат мерките. од општинскиот кризен штаб тврдат дека ја следат состојбата, ако алармантниот раст продолжи ќе има и репресивни мерки. какви не прецизираат. штипското инфективно одделение е речиси преполно, таму денес се лекуваат 53 пациенти, а максимумот е 60.

(В.А.)

Треба да знаете
Последни објави