Болсонаро: Се чувствувам многу подобро со хидроксихлорокин

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро држеше кутија хидроксихлорокин пред толпата поддржувачи, тврдејќи дека со него се чувствува многу подобро.

Болсонаро, кој е позитивен на коронавирусот, зема лек против маларија по препорака на воен лекар.

Сепак, резултатите од британско истражување покажаа дека лекот не е ефикасен во лекувањето пациенти со коронавирус, објави Би-Би-Си.

Заклучено е дека нема корисен ефект на хидроксихлорокин кај пациенти хоспитализирани со Ковид-19 и лекот бил повлечен.

Светската здравствена организација претходно ги предупреди луѓето да не се лекуваат сами со овој лек поради можни проблеми со срцето. 

Треба да знаете
Последни објави