Во Иран починаа рекордни 229 лица од коронавирусот за еден ден

Иран забележа рекорден дневен број на смртни случаи од коронавирусот, откако 229 лица починаа во последните 24 часа, покажуваат податоците на Министерството за здравство.

Од почетокот на епидемијата во Иран, вкупно 14.634 лица починале од вирусот, а инфекцијата е потврдена кај речиси 300.000 луѓе, пренесува „Гардијан”.

Иран се наоѓа на 11-то место во светот по бројот на заразени.

Треба да знаете
Последни објави