Во Романија ќе се воведува вонредна состојба секаде каде што расте бројот на новозаразени со коронавирусот

Романскиот премиер Лудовик Орбан изјави дека вонредна состојба ќе биде вратена на сите места во земјата каде дневно ќе бидат регистрирани илјада или повеќе новозаразени со Ковид-19.

Орбан објасни дека загрозените рурални и урбани населби можат да бидат вратени во карантински услови, во зависност од ситуацијата.

– Не смееме да чекаме некој од нашите најблиски да страда од коронавирусот за да се разбудиме и да почнеме да дејствуваме, туку мора да го прифатиме фактот дека опасниот вирус е тука, меѓу нас, дека убива и дека луѓето многу лесно се разболуваат од него, предупреди тој.

Во Романија до сега има повеќе од 38.000 заразени, и повеќе од 2.000 починато од Ковид-19.

Треба да знаете
Последни објави