Во последните 24 часа во Хрватска се потврдени 49 нови случаи на коронавирус, а едно лице починало, соопшти Националната канцеларија за цивилна заштита.
Во Загреб е заболено едно бебе старо 10 дена.
Директорот на Институтот за јавно здравје „Д-р Андрија Штампар“, Звонимир Шостар, рекол дека ова е прво бебе заболено од вирусот и втора бремена жена. Тој кажал дека бебето е во добра состојба.
„Бебето е испишано од болница како здраво, вчера било тестирано и, за жал, е позитивно, но нема проблеми и неговата клиничка слика е нормална“, рекол Шостар.
Тој рекол дека бебето не е заразено во болницата, туку дека вирусот му го пренела мајката.
Вкупниот број на заразени во Хрватска е 1.116. Од нив, 138 пациенти се наоѓаат во болница, од кои девет се на респиратор. Вкупниот број на починати е 123.
Од 25 февруари, кога е забележан првиот случај во Хрватска, досега се евидентирани вкупно 4.422 лица заразени со новиот коронавирус.
До денес, тестирани се вкупно 105.526 лица, од кои 1.394 во последните 24 часа.