Гризман и Јовиќ се најдоа во тимот на разочарувања во Ла Лига

Реномираниот спортски весник во Шпанија „Марка” го формираше симболичниот тим на разочарувања за фудбалската сезона 2019/20 во Ла Лига. На него помеѓу другите се најдоа и Антоан Гризман и Лука Јовиќ, двајцата напаѓачи кои беа најавувани како големи засилувања за Барселона и Реал Мадрид.

Тим на разочарување во Шпанското фудбалско првенство:

голман: Јаспер Килесен (Валенсија);

одбрана: Јуниор Фирпо (Барселона), Фернандо Калеро (Еспањол), Тиери Кореја (Валенсија);

среден ред: Жоао Феликс (Атлетико), Матиас Варгас (Еспањол), Денис Суарез (Селта), Рони Лопес (Севиља);

напад: Борха Иглесијас (Бетис), Антоан Гризман (Барселона), Лука Јовиќ (Реал Мадрид).

Треба да знаете
Последни објави