Заев: Мицкоски како и за локалните и за претседателските избори, така и сега кукавички се сокри во белата палата
Процесот на преговори за формирање нов состав на владата ќе почне веднаш по илинденските празници. Бројките се јасни, СДСМ и коалицијата „Можеме“ на овие избори обезбедија најмногу пратенички места, кристално чисто е кој го има мандатот, вели во интервјуто за „А1он“, лидерот на СДСМ Зоран Заев.
Се слушнавте ли со Мицкоски по изборите? Му понудивте или побаравте ли соработка во идната влада? На еден ТВ дуел се насетуваше договор, доколку на СДСМ или на ВМРО-ДПМНЕ му требаат пратеници, да си помогнате. Но, уште следниот ден Мицкоски кажа дека нема намера да коалицира со лица обвинети за криминал, односно со Зоран Заев. Кој е вашиот став?
– За жал Мицкоски повторно покажа дека нема никаква ниту политичка култура, ниту пак има капацитет достоинствено да прими пораз. ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски на овие избори доживеаја јасен и недвосмислен пораз на фер и демократски изборен натпревар.
Исто како и за локалните и за претседателските избори, така и сега кукавички се сокри во белата палата. На овие избори дури немаше храброст вечерта да излезе на прес-конференција и да го каже ставот за изборниот ден. Тоа само зборува за неговиот демократски капацитет, за неговиот вредносен потенцијал, но и за неговата општа култура.
Мицкоски е аутсајдер, a ВМРО-ДПМНЕ и на овие избори покажа дека има сериозен проблем и дека е заробена од груевизмот.
Јас веќе реков, можам да разговарам само со оние кои недосвосмислено ќе потврдат и покажат дека ги напуштиле режимските политики, дека го поддржуваат патот напред по кој води СДСМ, оние кои се во исто време и за НАТО и ЕУ, и за економија и правда, и за едно задничко општество.
Повеќе од интервјуто на следниот ЛИНК