Еден од столбовите на британскиот малопродажен сектор, синџирот „Маркс&Спенсер” соопшти дека планира да затвори 950 работни места.
Компанијата започнала консултации со „група претставници на вработените”, на кои ќе им понуди доброволно заминување на работниците од позициите кои се погодени со планот за реструктурирање.
Продавниците за храна M&С работеле во текот на целиот периот на вонредната состојба во Британија, но дуќаните во останите области на работењето претрпеле сериозен пад.
„Маркс&Спенсер” соопшти во мај дека продажбата на облека се намалила за над 80 отсто, на најниско ниво во однос на минатата година.