Нема починати, 163 новозаразени со ковид 19

Во последните 24 часа се направени 1.636 тестирања, а регистрирани се 163 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје-52, Куманово-21, Дебар-2, Штип-33, Тетово-4, Струга-7, Велес-2, Битола-5, Охрид-1, Кавадарци-4, Гостивар-17, Струмица-2, Кочани-2, Пробиштип-2, Демир Хисар-3, Македонски Брод-1, Свети Николе-3, Кичево-1, Ресен-1. Нема починати пациенти. Институтот за јавно здравје регистрира 69 оздравени пациенти од: Скопје-41, Дебар-1, Штип-10, Прилеп-4, Тетово-1, Велес-3, Кавадарци-2, Гостивар-6, Пробиштип-1, соопшти Министерството за здравство.

Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 9.412,  бројката на оздравени пациенти е 4.940, на починати е 432, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4.040. Дистрибуцијата по градови е следна:
•       Скопје 4.350, активни 1.892
•       Куманово 933, активни 247
•       Дебар 175, активни 112
•       Штип 640, активни 324
•       Прилеп 311, активни 54
•       Тетово 955, активни 302
•       Струга 377, активни 195
•       Велес 208, активни 29
•       Битола 94, активни 49
•       Охрид 245, активни 130
•       Кавадарци 33, активни 19
•       Гостивар 315, активни 207
•       Гевгелија 19, активни 8 (*6 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 2 на Богданци)
•       Струмица 33, активни 24
•       Крива Паланка 22, активни 8
•       Радовиш 23, активни 19
•       Крушево 14, активни 9
•       Кочани 91, активни 23
•       Пробиштип 45, активни 28
•       Демир Хисар 18, активни 16
•       Македонски Брод 10, активни 6
•       Пехчево 6,
•       Берово 4, активни 1
•       Валандово 6,
•       Виница 5, активни 2
•       Делчево 1,
•       Кратово 12, активни 7
•       Свети Николе 203, активни 188
•       Кичево 101, активни 82
•       Ресен 141, активни 57
•       Неготино 22, активни 2 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1636 теста се преку: ИЈЗ-729, ЦЈЗ Скопје-10, Авицена-128, Биотек-163, МАНУ -176, Клиника „Жан Митрев”-215, Систина со PCR метода -158, Судска медицина -10, ЦЈЗ Битола-25, Инфективна клиника-4, ГАК-18. Досега во земјата се направени вкупно 88.179 тестирања на Ковид -19.  Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се шест пациенти. Вкупно се хоспитализирани 86 пациент. На кислородна поддршка се 34 пациенти, нема пациенти на респираторна машина.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 17 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19, седум позитивни деца, едно дете и една мајка суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември” примени се 10 пациенти, вкупно хоспитализирани се 92 пациент. На респираторна машина се седум пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 37, а во болницата во Штип се хоспитализирани 51 пациент. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 132 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
•       Чаир – 285
•       Аеродром – 193
•       Бутел – 136
•       Гази Баба – 208
•       Центар – 162
•       Карпош – 176
•       Сарај – 116
•       Кисела Вода – 150
•       Ѓорче Петров – 120
•       Студеничани – 109
•       Шуто Оризари – 105
•       Арачиново – 34
•       Илинден – 24
•       Петровец – 21
•       Чучер Сандево – 12
•       Сопиште – 20
•       Зелениково- 12
•       Странец – 7
•       Нераспределен- 2.

Треба да знаете
Последни објави