Поранешната куќа на Бритни Спирс се продава за 6.8 милиони долари

Куќата во која некогаш живееше поп-ѕвездата Бритни Спирс, а таблоидите ја нарекуваа „палата отпорна на папараци“, повторно се продава со намалена цена од 6.8 милиони долари.

Раскошната вила во италијански стил, со локација во Беверли Хилс, има шест спални соби, домашно кино, пространа канцеларија и кујна за професионален готвач.

Вилата и преходно, во 2018 година, беше ставена на продажба за 9 милиони долари, а сега цената е намалена.

Според магазинот „Пипл“, Бритни живеела во оваа куќа, што била опишана како виртуелна заштита од папараци, од 2006 до 2012 година, пред да се пресели во Таусенд оукс, Лос Анџелес.

Треба да знаете
Последни објави