Пред неколку дена британската пејачка со албанско потекло Дуа Липа објави фотографии ид независно Косово и голема Албанија, а сега во тоа ја поддржа и нејзината колешка Рита Ора.
Рита Ора ја објави истстс фотографија како и Дуа Липа и побара од познатата компанија да го стави Косово на мапата како независна држава.
„Би сакала да виддам дека компанијата ќе се заложи за нас и на своите мапи го одбележи независно Косово. Албанија и Косово се преполни со млади, талентирани и добри луѓе. Јас сум горда што сум дел од тоа друштво. Испраќам љубов, радост и солидарност заедно со своите колеги Дуа Липа, Бебе Реџа, Ава Макс, Ера Истрефи и Дафин Зекира “, напиша таа во описот на фотографијата.
Дваесет и деветгодишната Рита Ора е родена во Приштина во 1990 година, но емигрираше во Лондон заедно со нејзините родители како бебе, заради политички несогласувања и војни во поранешна Југославија