На регионалниот пат Дебар – Струга, на местото викано „Врабич“, во попладневните часови на 20 јули полициски службеници уапсиле двајца дебрани на возраст од 23-години.
Двајцата биле со автомобил „голф“ со дебарски регистарски ознаки, а откако биле забележани, од возилото излегол еден од нив и се обидел да избега.
На местото на настанот била пронајдена вреќа со марихуана.
Двајцата 23-годишници биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава