Вториот бран на коронавирот, што се уште е активен во Франција, најверојатно ќе се појави во периодот од октомври до декември, изјави претседателот на францускиот Научен совет за Ковид-19, Жан -Франсоа Делфраси.
-Најверојатно сценарио е дека ќе имаме вистински втор бран на заболувањето, рече Делфраси, додавајќи дека вирусот може да се врати во периодот октомври-ноември-декември.
Тој, исто така, даде две други верзии на епидемиолошката состојба, кажувајќи дека болеста или се враќа и исчезнува, или станува „еден вид хроничен Ковид-19, хронично заболување во кое вирусот се врти околу една година, но со многу помал интензитет ”
Францускиот министер за здравство, Оливие Веран,на почетокот на јули соопшти за 400 до 500 активни жаришта на Ковид-19, но додаде дека нема знаци на втор бран на вирусот.
Француските власти до денеска потврдија 214.023 случаи на заразени со Ковид-19 и 30.180 жртви на пандемијата.