На градежното дивеење кај Мавровка мора да се стави крај, пишува на Фејсбук, скопскиот градоначалник Петре Шилегов.
„Град Скопје, на мое барање, уште на 09.07.2020 реагираше до надлежните инспекторати за градежното дивеење кај Мавровка. Денес добив одговор од Инспекцискиот Совет, за закажан заеднички инспекциски надзор на државниот и општинскиот градежен инспекторат“, наведува Шилегов.
Oд општина Чаир соопштуваат се уште нема издадено решение за градба, ниту објектот кај „Мавровка“ се гради законски. Нивни, општински градежни инспектори, дошле на местото на 10 јули да проверат што се гради, а направен е и записник за тоа.