(Видео)Србин брутално ликвидиран во Еквадор

Српски државјанин на возраст од 56 години, со потекло од Ниш, загинал во пукање во трговски центар во Еквадор во понеделникот, јавуваат белградските медиуми.

Тој најверојатно бил ликвидиран од платен убиец додека седел во кафуле во трговски центар во Самборондон во друштво на неговата сопруга и ќерка. Според изјавите на сведоците, убиецот пукал најмалку три пати.

Убиецот го сочекал соучесник со мотор и тие побегнале во непознат правец.

Треба да знаете
Последни објави