Кризата поради коронавирусот се рефлектира во Германија врз приходите што државата ги создава врз основа на даноци. Приходите од даноци во државниот буџет, со исклучок на општинските даноци, паднаа за 19 отсто во јуни, во однос на истиот месец минатата година, се наведува во месечниот извештај на германското Министерство за финансии.
„Последиците од корона-кризата врз економијата, како и мерките преземени со цел даночно олеснување поради кризата, продолжуваат да имаат значително негативно влијание врз државните приходи, се додава во извештајот.
Во првата половина од оваа година приходите од данок паднаа за 9,1 процент.