Во Шпанија за три недели двојно зголемен бројот на новозаболени лица од Ковид-19

Во Шпанија по укинување на повеќемесечните рестриктивни мерки воведени поради пандемијата со Ковид-19 расте бројот на новозаболени лица. Според шпанските здравствени власти бројот на нови случаи кон крајот на јуни изнесуваше осум на 100.000 жители, кога беше укинат карантинот, сега е 27 на 100.000 жители.За време на викендот во Шпанија регистрирани се 4.581 новозаболени лица, со што вкупниот број на инфицирани лица со новиот коронавирус се искачи на 264.836. Досега во земјата починаа 28.000 луѓе.

Откако во Шпанија се ублажија или укинаа рестриктивните мерки и граѓаните се вратија на секојдневниот живот се појавија околу 200 нови жаришта, со големи концентрации на заразени лица во каталонските градови Барселона и Леиде.

– Жариштата се појавија таму каде ги ублаживме мерките. Зборуваме за големи семејни прослави и посетите во ноќните клубови, изјави шпанскиот министер за здравство Салвадор Ила.

Каталонската регионална Влада во петокот упати апел до околу четири милиони луѓе, вклучително и жителите на Барселона, да  останат во своите домови и да не се собираат повеќе од 10 лица.

Со цел да се спречи појава на нови жаришта, во поголемиот дел од Шпанија мора да се носат заштитни маски дури и кога може да се одржи физичка дистанца.

Треба да знаете
Последни објави