Во Њу Делхи денеска за првпат после 49 дена се регистрирани помалку од 1.000 новозаразени со коронавирусот, додека многу индиски држави во последните денови воведуваат мерки за борба против вирусот. Индија минатата недела стана трета земја, по САД и Бразил, која надмина еден милион луѓе заразени со вирусот. Сепак, експертите веруваат дека ова е многу помал број од реалниот број на заразени бидејќи во Индија нема доволно тестови за Ковид-19.
Во Индија до сега од Ковид-19 починале повеќе од 28.000 луѓе.
Денеска се регистрирани 954 случаи на зараза во Њу Делхи. Ова е прв пат после 49 дена бројот на заразени да не надминува 1.000. Во индискиот главен град дневно се заразуваа и до 4.000 луѓе.