Првата руска вакцина против коронавирусот, направена од воени експерти и научници од Националниот институт за епидемиологија и микробиологија Гамалеја, е подготвена, соопшти денеска рускиот заменик министер за одбрана Руслан Цаликов.
Тој рече дека експертите и научниците од Националниот центар за истражување ги извршиле последните проверки и тестирања, дека сите доброволни приматели на новата вакцина развиле имунолошки одговор на коронавирусот и оти се чувствуваат добро.
– Можам да кажам дека првата вакцина против коронавирусот е готова, рече Цаликов во разговорот со новинарите од весникот „Аргументи и факти”.