Демонстранти се собираат пред зградата на Собранието во Софија каде денеска за во 11:30 часот по локално време е закажано гласање за недоверба на владата на Бојко Борисов. Демонстрантите, кои протестираат 13 дена по улиците и плоштадите бараат владиниот-тим на Борисов и главниот обвинител Иван Гешев да поднесат оставки.
Според најавите на бугарските медиуми 11 пратеници на партијата „Волја“ ќе воздржани при денешното гласање за недоверба, а лидерот на формацијата Веселин Марески ќе гласа против.
Со ваков распоред на силите во парламентото не постои начин на владата да и биде изгласана недоверба, затоа што дури и ако сите пратеници од БСП, ДПС и независните гласаат против тимот на Борисов ќе имаат најмногу 112 гласови, а за да падне владата потребни се 121 глас, анализира бугарски „Дневник“.