Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

Според последните податоци, во светот до сега има вкупно 14.925.988 лица заразени со новиот коронавирус. Од нив починале 615.047, а оздравеле 8.959.124 луѓе.

Атина – Во изминатите 24 часа во Грција, починаа две лица од Ковид-19, а регистрирани се 36 нови случаи, од кои само два при направените тестови на влезните точки во земјата. Од почетокот на епидемијата, заразени се 4.048 лица, а починаа 197.

Никозија – Министерството за здравство на Кипар соопшти дека од 1.395 анализирани тестови во изминато деноноќие регистрирани се два нови случаи на Ковид-19, со што бројот на заразени се зголеми на 1.040 лица.

Белград – Во Србија во изминатите 24 часа потврдени се 352 новозаболени лица и девет смртни случаи, со што вкупниот број на починати се искачи на 491 луѓе. Од почетокот на епидемијата во Србија регистрирани се вкупно 21.605 инфицирани лица.

Сараево – Во БиХ во изминатите 24 часа потврдени се вкупно 188 новозаболени лица од Ковид-19. Во земјата досега вкупно се инфицирале 8.787 луѓе од кои 264 починале, а оздравеле 4.003 луѓе.

Приштина – Петмина починати, 168 новозаболени и 157 излекувани од Ковид-19 се регистрирани во Косово во текот на минатиот ден. Според последните официјални податоци на косовските здравствени власти, во земјата досега се потврдени 6.045 заразени од новиот коронавирус, од кои 144 починале, додека 3.226 се излекувани. Активни носители на вирусот се 2.675 лица. Вчера се извршени 415, а од почетокот на пандемијата 31.956 тестирања.

Тирана –  Во последното деноноќие во Албанија регистриран е нов негативен рекорд на новозаразени со Ковид-19. Од направените 482 теста, позитивен резултат е добиен кај 119 лица, што е највисока бројка од почетокот на пандемијата во почетокот на март. Според Еугена Томини од Институтот за јавно здравје битката со опасниот вирус ја добиле 45, а ја изгубиле четири лица. До сега во земјата направени се 36.388 тестови, позитивни на вирусот се 4.290, закрепнале 2.397, починале 117 додека активни на болеста се 1.776 лица, од нив 125 се хоспитализирани,од кои 24 во тешка здравствена состојба.вт

Загреб – Во изминатите 24 часа во Хрватска регистрирани се 49 нови случаи на Кoвид-19, со што бројот на активни случаи се зголеми на 1.116. од 25 февруари, кога е регистриран првиот случај на зараза во Хрватска до денеска потврдени се 4.422 лица инфицирани со новиот коронавирус, од кои починаа 123 лица.

Љубљана – Во Словенија во изминатите 24 часа потврдени се 24 нови случаи на Ковид-19, што е најголем пораст од 10 јули. Од последици од новиот коронавирус почина едно лице, со што бројот на смртни случаи се искачи на 114. Во земјата активни се 238 случаи, а од почетокот на епидемијата новиот коронавирус е потврден кај 1.977 луѓе.

Софија – Во Бугарија во изминатите 24 часа потврдени се 196 нови случаи со Ковид-19, со што вкупниот број на заразени достигна 8.929 луѓе. Во изминатото деноноќие починаа осум пациенти од последици од Ковид-19, со што вкупниот број на смртни случаи изнесува 308. Поради се поголемиот број заразени медицински лица Бугарија се соочува со недостиг на медицински работници, а најзагрижувачка е ситуацијата во Пловдив, каде нема кревети за новите пациенти.

Рим – Во Италија по тримесечната блокада поради новиот коронавирус, бројот на жртви е се помал, но здравствените власти се загрижени поради импортираните позитивни случаи, кои во изминатите денови се се почести. Во Италија од Ковид-19 вкупно се инфицирани 244.752 луѓе, од кои оздравеле 197.431 лица. Но, според 35.073 смртни случаи, Италија е петта земја во светот по бројот на жртви од последици на новиот коронавирус, зад САД, Бразил, Велика Британија и Мексико.

Хаг – Во Холандија расте бројот на заразени луѓе со новиот коронавирус. Холандскиот Институт за здравство соопшти дека 987 лица минатата недела биле позитивни на Ковид-19, додека претходната седмица нивнито број изнесувач 534. Од почетокот на пандемијата во Холандија регистрирани се вкупно 51.910 инфицирани лица, од кои 6.136 смртни случаи.

Москва – Во Русија втор ден по ред се забележани под 6.000 новозаболени лица од Ковид-19. Досега во Русија инфицирани се 783.328 луѓе, од кои 12.580 починале, а оздравеле 562.384 луѓе.

Богота – Во Колумбија речиси 7.000 луѓе починале од последици од новиот коронавирус од вкупно заразени над 200.000 лица. Во земјата и понатаму во сила е карантин со цел да се спречи ширењето на инфекцијата.Строгите мерки се воведени кон крајот на март и ќе бидат во сила до 1 август.

Буенос Аирес – Аргентина во изминатите 24 часа пријави 92 смртни случаи, што е најголем број на починати лица од почетокот на пандемијата со Ковид-19. Во земјата вкупно се регистрирани 3.937 пациенти, од кои 2.373 починале од последици од новиот коронавирус.

Мексико Сити – Министерството за здравство на Мексико соопшти дека се потврдени 5.172 нови сличаи, а починале 301 човек. Во земјата со новиот коронавирус се инфицирале вкупно 349.396 луѓе, од кои починале 39.485 лица. Мексико по бројот на заразени лица е на седмо место во светот, а по смртните случаи на четврто место.

Мелбурн – Околу половина од вкупниот број на потврдени случаи во Австралија ртегистрирани се во државата Викторија, каде денеска се регистрирани 374 новозаболени, и три смртни случаи. Во австралиската држава Викторија досега со Ковид-19 се заразиле приближно 6.300 лица. Поради инфекцијата во Мелбурн е воведе шестнеделен карантин, а жителите се обврзни да носат маски надвор од своите домови.

Мускат – Оман од 25 јули до 8 август ќе забрани патување помеѓу своите покраини со цел дас е спречи ширење на новиот коронавирус. Во истиот период во сила ќе биде и полициски час од 19 до шест часот. Во земјата досега се инфицирале 69.887 луѓе, од кои 337 починале, а оздравеле 46.608 луѓе.

Треба да знаете
Последни објави