Земјите кои биле под најголем протисок од санкциите на Вашингтон треба да се обединат во заедничка борба против политиката на САД, изјави иранскиот амбасадор во Москва, Казем Џалали.
– Сметам дека треба да формираме клуб на земји кои се погодени од санкциите. Меѓу членките би се наоѓале моќни држави со развиени економии, како што се Русија, Кина и Иран, нагласи Џалали.
Според него, членките на тој клуб би можеле да си помагаат меѓу себе при компензирање на негативните последици од преземените чекори на САД.
Тој нагласи дека Вашингтон не сака никакви противници во ниту еден регион во светот, чии позиции би биле посилни од оние кои ги имаат САД.
– Тие сакаат Русија да биде слаба, Кина да им биде економски потчинета, а Иран да стане нивна колонија, истакна Џалали.
Иранскиот амбасадор изјави дека овие три земји имаат огромни можности, единствено треба да покажат политичка волја и да вложат напори, со цел тој потенцијал да се развива на вистински начин.