Кијану Ривс пишува сценарио за стрип во кој тој е главниот јунак

Кијану Ривс ќе дебитира на стрипот БРЗРКР, кој ќе го објави издавачката куќа „БУМ! Студиос“. Покрај холивудскиот актер, во проектот ќе бидат вклучени и писателот Мет Кинт (Фолклордс, Бенг!) и славниот уметник Алесандро Вити, пишува „Стрип блог“.

Стрипот БРЗРКР ќе ја претстави приказната за бесмртниот воин, кој бара одговори во врска со неговото постоење. Мини серијата ќе има 12 изданија и поради содржината на брутално насилство, таа ќе биде наменета исклучиво за постарата публика.

Човекот познат како Берзеркер е получовек и полубог, проколнат и присилен на насилен живот, што му штети на неговиот разум. По скитањето низ светот со векови, Берзеркер ќе најде прибежиште работејќи за американската влада борејќи се во битки толку опасни и толку насилни што се премногу опасни за некој друг.

Тој се надева дека во замена за својата служба, ќе ја добие вистината за своето бесконечно постоење потопено во крв и за начинот како да го запре тоа.

Првиот број на стрипот BRZRKR ќе биде достапен на почетокот на октомври 2020 година. Насловната за првиот број ќе ја направи познатиот стрип-цртач Рафаел Грампа.

https://www.instagram.com/p/CCwF1RJFr_Q/

Треба да знаете
Последни објави