Меркел: ЕУ покажа единство и одлучност, Макрон: Постигнат е историски договор за ЕУ

Лидерите на ЕУ рано утрово постигнаа договор за планот за закрепнување и повеќегодишниот заеднички буџет од 1.824 милијарди евра, за периодот од 2021 до 2027 година.

Германската канцеларка Ангела Меркел, по повод договорот на земјите членки на ЕУ за финансискиот план за економско закрепнување, изјави дека „ЕУ е способна да дејствува заеднички, дури и во време на најголема криза, како и дека е подготвена да применува нови решенија во невообичаени околности”.

– Тоа е важен сигнал што го испраќаме надвор од границите на ЕУ, дека земјите членки, иако секоја засегната на поинаков начин, се способни да преземат акција, рече Меркел.

Меркел ова го рече на заедничка прес-конференција со францускиот претседател Емануел Макрон.

ЕУ успеа да постигне историски договор за заеднички финансиски средства неопходни за надминување на предизвиците на пандемијата на Ковид-19, изјави Макрон.

Според него, на договорот му претходеле „долги и тешки” преговори за време на кои било неопходно да се направат отстапки за да се надминат разликите што го попречувале постигнувањето на единство.

– Отстапките беа пропорционални и неопходни за да се постигне корисен, голем план за економско закрепнување на ЕУ, оцени Макрон на прес-конференција.

– Нема совршен свет, но ние постигнавме напредок, заклучи францускиот претседател.

Лидерите на ЕУ рано утрово постигнаа договор за планот за закрепнување и повеќегодишниот заеднички буџет од 1.824 милијарди евра, за периодот од 2021 до 2027 година. ј

Треба да знаете
Последни објави