Американскиот државен секретар Мајк Помпео, по денешната средба со британските министри во Лондон, ги повика другите нации да се спротивстават на Комунистичката партија на Кина, тврдејќи дека таа претставува закана.
-Сакаме да ја видиме секоја нација што ја разбира слободата и демократијата и тоа го цени и знае дека е важно за нивниот народ, нивната суверена земја, да бидат успешни, да ја разберат оваа закана што им ја претставува Комунистичката партија на Кина и да работат сами и колективно на обновата на она што е наше, со право, рече Помпео, пренесоа британските медиуми.