Продолженото породилно отсуство трае се до завршувањето на времените мерки

Министерството за труд и социјална политика информира дека на работничките кои се на продолжено породилно отсуство, платеното отсуство им трае се додека траат времените мерки за заштита од ширење и превенција од Коронавирус COVID-19.

За да се обезбеди заштита и грижа за децата, Владата на Република Северна Македонија донесе Уредба со законска сила за примена на Законот за работни односи за време на вонредна состојба („Службен весник на РСМ“ БР.90/20), со која отсуството од работа на работничка поради бременост, раѓање и родителство и посвојување, продолжува да тече и надоместокот на плата продолжува да се исплаќа до истекот на траењето на времените мерки за заштита од ширење и превенција од Коронавирус COVID-19.

 

Одлуката за времетраење и завршување на времените мерки ја носи Владата на Република Северна Македонија, по препорака на Комисијата за заразни болести.

 

Надоместокот за породилното отсуство се регулира преку Фондот за здравствено осигурување.

 

Треба да знаете
Последни објави