Челзи со плата од осум милиони евра годишно го намами Хаверц

Англискиот фудбалски премиерлигаш Челзи постигнал договор за трансфер со играчот од средниот ред на Баер Леверкузен, Каи Хаверц. Според „Transfermarket” 21-годишниот Германец се согласил на петгодишен договор со плата од осум милиони евра годишно.

Лондонскиот клуб е подготвен да плати 70 милиони евра за играчот, несметајќи ги бонусите. Баер сака да добие 90 милиони.

Претходно се дозна дека играчот од средниот ред е подготвен да се пресели во Челзи, но само доколку лондончаните обезбедат учеството во Лигата на шампионите.

Челси во моментов е на третото место со 63 бода.

Минатата сезона, Хаверц учествуваше на 39 натпревари на сите турнири, постигна 15 гола и осум асистенции.

Треба да знаете
Последни објави