Деведесет и тригодишната Србинка Радмила Станковиќ, која е сместена во Геронтолошкиот центар во Крушевац, оздраве од коронавирусот и од болница се вратила во домот.
Таа поминала повеќе од 10 дена во болница.
„За неа, како и за сите нас, тоа беше шок. За среќа, сè заврши добро“, рекле од домот за телевизија „Прва“.
Во таа установа заразени биле 49 корисници, на возраст од 60 до 93 години и 19 вработени. Сите оздравеле.