Верниците во Словенија на влез од црквата ќе мора да остават телефонски број

Верниците во Словенија од денеска пред да влезат на миса во црква ќе мора да да го остават својот телефонски број, без име, презиме и адреса.

Тоа е црквена препорака усогласена со здравствените власти, донесена со цел да се спречи ширењето на Ковид-19.

Верниците ќе треба да остават телефонски бројо само за свечените миси во недела и за празници, додека на мисите во текот на неделата се собираат помал број верници, кои вообичаено ги познава свештеникот.

Во Словенија од почетокот на епидемијата со новиот коронавирус се инфицирале  1.977 луѓе, од кои 114 починале, а оздравеле 1.625 лица.

Треба да знаете
Последни објави