Речиси 230.000 случаи на коронавирус се потврдени ширум светот на 20 јули, со што вкупниот број заразени е 14,3 милиони, соопшти СЗО. Досега се пријавени вкупно 14.348.858 случаи, додека 603.691 лица починале од последиците од вирусот.
Во последните 24 часа, потврдени се 229.780 заразени и 5.111 починати.Статистиката на СЗО се заснова на официјално потврдени податоци од земји во светот.
Повеќето случаи се пријавени во Јужна и Северна Америка – 7.584.675.Во последните 24 часа, таму бројот на случаи се зголемил за 133.573, а бројот на починати за 3.107, со што вкупната бројка е 309.309.
Во Европа, потврдени се 3.079.221 заразени и 207.535 починати, бидејќи во претходните 24 часа се регистрирани 17.145 случаи и 490 жртви на коронавирус.
Во Југоисточна Азија има 1.436.114 случаи на коронавирус и 34.388 смртни случаи.Во последните 24 часа, бројот на заразени лица се зголеми за 44.734, а бројот на починати за 845, наведува ТАСС.